Координацијата за буџетот прекината без договор, продолжува утре

Од:

Координативната средба кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за деблокирање на носењето на буџетот за 2013 година беше прекината откако опозицијата одби уште еден предлог на првиот парламентарец. Состанокот ќе продолжи утре во 10 часот, а средбите, според собраниски извори, ќе се одржуваат се додека не се изнајде решение буџетот за 2013 да биде донесен до 31 декември.

Вељаноски предложил сите амандамни за буџетот да бидат испратени до Владата, таа да се произнесе што е прифатливо, а потоа информацијата да биде доставена до пратеничките групи кои би доставиле извештај до претседателот на Собранието. Предлогот бил одбиен од опозициските пратеници, кои од координација заминаа на промоција на штабот на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје Јани Макрадули.

Се очекува на утрешната средба да биде повикан и пратеникот Изет Зеќири кој има поднесено околу 400 амандмани.

На денешната координација која траеше час и половина, покрај првиот човек на законодавниот дом Вељаноски, присуствуваа и потрпретседателите на Собранието Јани Макрадули и Сузана Салиу, координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и на ДУИ, Силвана Бонева, Игор Ивановски и Талат Џафери, претседателката на Законодавно-правната комисија Благородна Дулиќ, претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов и неговиот заменик Горан Мисовски, како и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. На координативната средба нема претставник на ДПА.

Координација кај Вељаноски за буџетот за 2013 имаше и во понеделникот. Средбата на претставниците од власта и од опозицијата заврши без договор, само со препорака од страна на претседателот на Собранието за интензивирање на работата на собраниските комисии на кои се разгледуваат амандманите на буџетот.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски