Координацијата кај Вељаноски се уште без договор

Од:

На координацијата кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, како што наведуваат собраниски извори, бил понуден разработен предлог во врска со амандманите за буџетот, кој бил одбиен од опозицијата.

Изет Зеќири од НДП, кој има поднесено околу 400 амандмани за буџетот, иако поканет денеска не присуствуваше на координацијата.

Зеќири рече дека не присуствувал на средбата бидејќи планот на Владата бил несериозен и оти вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески јасно порачал дека ќе прифати проекти што ќе се вклопат во владините проекти. Неговите амандмани се однесуваат, главно, на инфраструктурни проекти во вредност  од 80 милиони евра. Разговорите за повлекување на неговите амандмани, вели тој, може да продолжат на политичко и на експертско ниво.

На координацијата не присуствуваше ниту координаторот на ДПА. Пратеникот Зијадин Села изјави нивните амандмани за буџетот се исти како и тие од минатата година зашто, според Села, во средините каде што живеат Албанци не е направено ништо.

-ДПА не присуствува на координација од периодот кога во процедура влезе законот за бранители и се додека не се повлече нема да одиме. Ние не сме тука да се испазариме, рече тој одговарајќи на новинарско прашање зошто не присуствувале на средбата и не се обиделе да постигнат договор за своите предлози.

Продолжението на Комисијата за финансирање и буџет е одложено за 15 часот, а продолжението на Комисијата за труд и социјална политика почна со задоцнување од два часа, бидејќи предлагачот на амандманите по текстот е координаторот на ДУИ Талат Џафери, кој присуствува на координациите.

Би можело да ве интересира

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот Тошковски

Горан Наумовски

Во Собранието пратенички прашања

Собранието ќе добие ново лого

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски