Координација за гасење на пожарот над месноста Свети води во Трботивиште

Од:

По локализирањето на пожарот кај малото Пасјак во делчевското село Нов Истевник продолжува коодинацијата за гасење на пожарот кај село Трботивиште.

На терен се забележливи пожарникари, припадници на Армијата, од Македонски шуми, доброволци, кои ќе се упатат кон моменталното жариште – месноста Свети води кон планината Средна.

Сега, како што велат треба да се делува кај Желевица, што е повисока месност и е потребен ангажман на повеќе воздухоплови.

Меѓу учесниците во гасењето е и волонтерот Нелсон од Португалија кој четврти ден е ангажиран во активности кај селото Стари Церник. Тој истакна дека биле посветени да спречат ширење на пожарот кон селото.

Околу евакуација на населението во овој крај придонес даде и волонтерот и жител на Стари Церник Борче Димитровски, кој порача дека материјалната штета се надоместува, но оти е најважно да нема човечки жртви.

-Ништо не е смиренео, неколкупати го потценивме овој оган и неколкупати се соочивме со многу поголеми штети од тоа што можевме или не знам дали можевме да спречиме. Сега ќе одиме пак мала екипа да се распоредиме затоа што огнот е веќе на премногу места и ќе се обидеме да го спречиме, рече Димитровски.

Присустни во селото се и мештани од Трботевиште за да помогнат во натамошно ширење на пожарот кај Свети води.

Би можело да ве интересира

Момче загина во пожар во Англија, уапсени се 14 деца

Скопјанец подметна пожар во куќа и стан каде што живее неговата сопруга со нивниот син

Горан Наумовски

Нетанјаху: Уапсени 18 лица под сомнение дека подметнале пожари во близина на Ерусалим

(ВИДЕО) Нетанјаху прогласи вонредна состојба поради шумските пожари во близина на Ерусалим

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар во близина на Ерусалим, најмалку седум лица се повредени

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви