Конзервација и реставрација на црквата „Свети Никола“ во село Косел

Од:

Со поддршка на Министерството за култура во тек е реализацијата на шестата фаза од проектот за конзервација и реставрација на архитектурата и на фрескоживописот на црквата „Свети Никола“ во охридското село Косел.

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид интензивно работат во внатрешноста на црквата на конзервацијата на вредниот фрескоживопис. Се конзервираат оштетените фрески од ѓакониконот (стариот слој), а паралелно се врши опшивање на нестабилните делови од новооткриениот живопис и инјектирање.

– Во претходните фази е извршена конзервација на архитектурата на црквата, која беше целосно распадната и за која постоеше опасност од рушење. Објектот статички е зајакнат, направено е целосно препокривање, фугирање на отпадните делови, беше расчистен околниот простор, а старите врати на западната и на јужната фасада се заменети со нови, изработени од храстов материјал и соодветно декорирани, соопшти Министерството за култура.

Црквата „Свети Никола“ е значаен споменик на културата, датира од 15-от век и има специфична архитектура со мали димензии. По обликот е сродна на повеќе еднокорабни цркви од околината на Охрид.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите