Контроли кај 17 угостители во Охрид, фатени лица без и со лажни сертификати сертификати за вакцинација

Од:

При извршена контрола на подрачје на Охрид, од страна на полициски службеници и вработени од Управата за јавни приходи во 17 објекти биле регистрирани повеќе прекршоци.

Како што информираат од МВР ноќеска во период од 23 до 02 часот биле затекнати четири малолетни лица кои биле во угостителски локал по 24 часот, едно лице со лажен сертификат за извршена вакцинација и три лица без сертификати за извршена вакцинација.

Претставниците од УЈП, кај повеќе угостителски објекти, констатирале низа неправилности во готовински промет.

– По овие основи, против физичките и правните лица, ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена