Контрола во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Од:

Со одлука на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

-Претходно, согласно надлежностите на републичкото јавно обвинителство, контрола беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Надзорот се врши во согласност со член 21 од Законот за јавното обвинителство и Правилникот за вршење надзор над работата и постапувањето на јавните обвинителства донесен од Советот на јавните обвинители, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека до крајот на годината ќе биде извршен надзор и над постапувањето на Одделението за меѓународна правна помош во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и над Канцеларијата за врски со Европравда во републичкото обвинителство.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски