Контингент на АРМ на воена вежба „Брз лав 14“ во Белгија

Од:

Контингент на Армијата на Република Македонија, кој е дел од борбената група на ЕУ за втората половина на оваа година, од утре до 13 јуни во Белгија, ќе учествува на вежбата „Брз лав 14“.

Контингентот на АРМ во Брисел свечено ќе го пречекаат делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерот Талат Џафери заедно со високи претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на вооружените сили на Белгија.

Како што соопшти Министерството за одбрана, во рамки на свеченоста, министерот Џафери ќе има и неформална средба со претставниците на МО и ГШ на Белгија.

Како што соопшти прес-службата на АРМ, декларираната единица на АРМ е дел од борбената група на ЕУ (ЕУБГ 214-2) која е предводена од Вооружените сили на Кралството Белгија, а во која со свои сили учествуваат и армиите на Холандија, Луксембург, Шпанија и СР Германија.

На вежбата „Брз Лав“, првпат ќе се оценува оперативната способност на една борбена група, декларирана во рамките на ЕУ, а учеството на АРМ како дел од ЕУБГ 214-2 претставува силна потврда на интероперабилноста со армиите на земјите-членки на ЕУ и НАТО.

Декларираната единица на АРМ утре за Белгија ќе отпатува со специјален лет организиран со авион на Вооружените сили на Кралството Белгија. На чинот на испраќање на припадниците на АРМ на пистата на аеродромот „Александар Велики“ се очекува присуство на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација