Со учество на претставници од сите надлежни министерства и институции, ЗЕЛС, Министерството за локална самопуправа отвори дебата за измените и дополнувањата на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација за 2015-2020.
Со поддршка на УНДП, Министерството за локална самоуправа паралелно пристапи и кон подготовка на нов Акциски план за спроведување на Програмата за периодот 2018-2020 година.
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска изјави дека за оваа програма има потреба од консултации со сите министерства и засегнати страни со цел да се лоцираат проблемите за подобра функционалност на општините. Смета дека треба да бидат вклучени и бизнис секторот и невладините организации зошто, како што рече, секој може да придонесе во овој важен процес.
Претставникот на УНДП Харалд Шенкер рече дека ја продолжуваат соработката со Министерството за локална самоуправа и со институциите во интерес на продлабочување на процесот на децентрализација.
– Во полза на имплементација на целите на одржлив развој на Обединетите нации, рамномерен развој на регионите во државата е многу важен и има уште многу разлики меѓу општините и меѓу нивото на живот во разни општини, рече Шенкер.
Дебатата за подготовката на Програмата и Акцискиот план, кои треба да ги донесе Владата, ќе продолжи со организирање на уште две форумски сесии.