Конститутивната седница ќе продолжи утре во 11 часот

Од:

Конститутивната седница која вчера после три месеци продолжи, се одложува за утре во 11 часот. На седницата повторно меѓусебно си дебатираат единствено пратенците од ВМРО-ДПМНЕ, со што не дозволуваат да се избере Комисијата за избори и именување и да се премине на четвртата точка, избор на претседател на Собранието.

Оливер Спасовски од СДСМ побара дебатата да се сведе на ниво на деловник затоа што сите досега го злоупотребувале и дека треба да се стави крај и да се избере Комисијата.

Собранието треба да работи за доброто на граѓаните, воспоставување ред на седницата значи почитување на граѓаните. Апелирам да се почитува деловникот, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска