Конститутивна седница на Комисијата за одликувања и признанија

Од:

Комисијата за одликувања и признанија денеска ја одржа конститутивната седница, на којашто присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

На седницата, членовите на Комисијата изразија благодарност за честа и довербата да учествуваат во вреднувањето и изборот на личности и институции што оставиле длабок печат и неизбришливи траги во македонското општество.

Претседателката изрази задоволство за прифатеното членство, потенцирајќи дека во номинацијата се раководела од нивното врвно знаење, работа и дострели во различни области. Таа им посака плодна и успешна работа во препознавањето и наградувањето на најдобрите.

Во разговорот, претседателката изрази цврста увереност дека докажани и афирмирани личности како нив умеат да ги препознаат носителите на вистинските достигнувања и соодветно да ги наградат.

Со одлука на претседателката Сиљановска-Давкова, за претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, м-р Гена Теодосиевска, Дејан Георгиевски, Жарко Башески, Оливера Наковска-Бикова и Весна Петрушевска.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи