Конституиран советот на општина Кочани

Од:

На конститутивната седница на Советот на општина Кочани што се одржа денеска, едногласно за претседател на Советот на општина Кочани е избран Томе Солевски, носител на советничката листа од СДСМ и коалицијата.

– Благодарам на подршката од сите, најпрвин од советниците на СДСМ и коалицијата, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и на независниот советник Венко Крстевски за довербата што ми ја дадоа. Убаво е чувството сите заедно да донесуваме одлуки. Време е сите заедно да започнеме да го правиме овој град убаво место за живеење, рече Солевски.

Со конститутивна седница претседаваше најстариот советник, Ангел Максимов, при што се изврши верификација на мандатот на членовите на новиот состав на Советот на Општина Кочани, по што новите членови на Советот дадоа свечена изјава.

На седницата присуствуваше и градоначалникот на Кочани Николчо Илијев, кој најави сорабока со Советот во интерес на граѓаните.

– Очекувам, како градоначалник уште од самиот старт да воспоставам добра соработка со претседателот на Советот и со сите советници, затоа што таквата соработка е повеќе од неопходна за доброто на општината и сите нејзини граѓани. Советот секако дека ќе биде место за вкрстување на нашите различни мислења, овде ќе разговараме и ќе се договараме и ќе донесуваме решенија за проблеми кои ќе бидат во интерес на граѓаните. Не чека многу работа и сметам на вашата подршка да придонесеме во решавањето на проблемите и да придонесме за подобар живот на сите граѓани на општина Кочани, истакна Илијев.

Би можело да ве интересира

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот

Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија каде ќе се обратат родителите од Кочани

Пламна пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Горан Наумовски

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Митева: Владата со посебен фокус за Кочани, 100 милиони евра за капитални инвестиции