Конституиран советот на општина Дебар

Од:

Советот на општина Дебар денеска ја одржа конституивната седница, на која беше избран претседател на Советот како и соодветните општински комисии.

Со седницата раководеше Еуген Цами од Алијансата за Албанците како највозрасен советник, до изборот на Башким Машкули за претседател на Советот. Машкули е советник од ДУИ а на оваа функција беше и во измнатите четири години.

– Како и до сега и во следните четири години ќе соработувам со сите советници без разлика на партиската и друга припадност. Одлуките кои ќе ги донесуваме ќе бидат во интерес на граѓаните и развојот на нашата општина, рече Машкули заблагодарвајќи се на дадената доверба.

На седницата присуствуваше и градоначалникот Ружди Љата, кој им посака успешна, плодна работа на советниците.

Во 15-члениот совет на општина Дебар, петмина советници се од ДУИ, по три имаат СДСМ и Алијансата за Албанците и по два ВМРО-ДПМНЕ и Движењето „Беса“.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар

Се препорачува многу внимателно возење во Дебарско поради одрони на патиштата

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Водата во Дебар пред пиење мора да се преврива

А1он