Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

Од:

Денес Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница. На истата беа верификувани мандатите на 23-те нови советници на општината.

На функцијата претседател на Советот на Општина Кисела Вода беше избран Дарио Шимиќ од СДСМ. Заблагодарувајќи се за својот избор тој истакна дека очекува успешна соработка со сите членови на советот од сите политички партии, во интерес на сите граѓани.

Во следните четири години за интересите на жителите на Опшина Кисела Вода во соработка со градоначалникот Филип Темелковски, одлуки ќе носат вкупно 23 советници, од кои, 12, има коалцијата предводена од СДСМ, а тоа се, Емилија Трајковска, Дарио Шимиќ, Тодор Костадиновски, Марина Чорбеска, Христина Оџаклиеска, Зоран Ацевски, Весна Петковска, Зоран Георгиевски, Стамат Стаматовски, Јасна Саздовска, Дарко Филиповски и Бојана Ацева, додека пак од редовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ избрани се 11 советници и тоа: Орце Ѓеорѓиевски, Славче Трпески, Весна Бошковска, Драги Јовевски, Нестор Павловски, Вера Жупан, Владимир Митев, Иван Митровски, Надица Спасовска Трајановска, Даниела Костадинова и Алекандар Ѓорѓиев.

На конститутивната седница свое обраќање имаше и Градоначалникот Филип Темелковски. Тој нагласи дека се надева на добра соработка со членовите на советот, се со цел во интерес на сите граѓани на Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода