Конституиран новиот состав на Советот на општина Охрид

Од:

Советот на општина Охрид денеска ја одржа конститутивната седница на која беа верификувани мандатите на членовите од новиот состав.

До изборот на нов претседател на Советот претседавањето со институцијата го презеде најстариот член на Советот, Љубомир Чаулев.

Мандатот на новите советници им го честиташе градоначалникот Никола Бакрачески, кој ја искористи приликата да се заблагодари на досегашните советници за нивниот ангажман во развојот и унапредувањето на општината.

– Советот е орган на локалната самоуправа од исклучително значење за функционирањето и развојот на општината. Заедно до градоначалникот претставуваат основа на напредокот во системот на управување со општината, оттаму од исклучителна важност е носењето одлуки во интересот на граѓаните на Охрид, а соработката на Советот и градоначалникот ќе го детерминира развојот на општината, рече Бакрачески.

Тој истакна дека токму Советот е местото каде ќе се презентираат политички платформи и идеи, место за колекција на гласот на граѓаните и каде сопствената и политичката култура ќе биде препознаена како персонална, но и како одраз на граѓаните преку своите гласови.

– Не смееме да излеземе од рамката која ни ја зацртаа и трасираа граѓаните на Охрид, а тоа е да ги застапуваме нивните и само нивните интереси, истовремено обезбедувајќи напредок на општината, рече градоначалникот Бакрачески, притоа нагласувајќи за должноста на секој од избраните претставници со дела, работа и посветеност да ја оправдаат довербата на граѓаните.

Согласно резултатите од локалните избори одржани на 24 март, мнозинството во новиот состав на Советот го имаат претставници на коалицијата „За подобра Македонија“ со 12 од 23-те советнички места. Опозицијата од коалицијата „Сојуз за иднината“ има осум советнички мандати, а дел од новиот состав на Советот на општината ќе бидат и носителите на независните листи,  Љупчо Настоски, Павел Попоски и Кујтим Усеини.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски