Конкурс за придонес во заштитата на животната средина

Од:

Град Скопје распиша конкурс за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во областа на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција и најубав состав и цртеж на тема екологија.

Конкурсот е дел од традиционалната манифестација „Денови на пролетта – Денови на екологијата“, а целта е да се промовира и популаризира грижата за животната средина и природата.

Пријавите може да се доставуваат по пошта на адресата Град Скопје-Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар Илинден, број 82, или во архивата на Град Скопје, како и на телефонските броеви 02/3297-273 и 3297-304.

За првите две категории предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари, додека за категоријата најубав двор предвидени се три награди во износ од по 40.000 денари. За четвртата категорија ќе има две награди – една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта во износ од по 10.000 денари. За петтата категорија се предвидени исто така две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта во износ од по 10.000 денари.

Пристигнатите пријави ќе ги разгледува комисија формирана од претставници на градската администрација и од невладините организации.

Пријавувањето трае до 15. мај, а прогласувањето на добитниците ќе се одржи на 5. јуни.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје