Конкурс за новинарски стории за сиромаштија и социјална исклученост

Од:

Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) третпат го распиша конкурсот за доделување награди за новинари кои пишуваат на социјалните теми поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост.

Со пишувањето на овие теми, како што наведуваат од МППС, новинарите им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи.

– Наградите имаат за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам, велат од МППС.

Детали за конкурсот може да се најдат на страната на МППС, а крајниот рок за доставување на сториите е 1 февруари.

Би можело да ве интересира

Левица: Минималната плата под прагот на сиромаштија, секое трето дете живее во беда

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

Горан Наумовски

Една четвртина од Европејците не ги плаќаат сметките на време, младите се најтешко погодени

22 проценти од населението во Македонија во 2023 година живеело во сиромаштија

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија