Конкурс за доделување на новинарски награди на ЗНМ за 2014-та година

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) распиша конкурс за доделување на две годишни награди за новинари, наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и наградата „Јашар Еребара“ за едногодишно остварување за истражувачко новинарство во медиумите.

Сториите за истражувачко новинарство треба да претстават автентично авторско новинарско истражување, за тема од широк општествен интерес.

Пријавата за оваа награда треба да содржи еден оригинален примерок на стоијата и четири копии, а за наградата за животно дело кратка биографија за кандидатот со најважните достигнувања во новинарската професија.

Пријавите треба да се достават до ЗНМ најдоцна до 12 февруари 2015 година, по пошта, Градски Сид блок 13, 1000 Скопје или на електронска пошта на: [email protected].

Добитникот на наградените за истражувачко новинарство ќе добие парична награда од 30.000 денари.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје