Конкурс за бесплатно учење руски јазик во Центарот при УКИМ

Од:

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од почетокот на новата академска година ќе спроведе активности за бесплатно изучување на рускиот јазик за сите заинтересирани граѓани на Република Македонија.

– Крајниот рок за поднесувањето на пријавата е 5 септември до 20 часот. Идејата е да им се даде можност на сите оние што се заинтересирани за изучување на рускиот јазик да можат да го сторат тоа сосема бесплатно, соопшти Рускиот центар при УКИМ.

Право на учество на конкурсот имаат сите граѓани на Република Македонија. За пријавување потребно е да се пополни пријавата која може да се најде на интернет-страницата на Универзитетот www.ukim.edu.mk во секцијата документи/огласна табла. Пополнетата пријава може да се испрати по електронски пат на е-адресата: [email protected] или да се поднесе лично во просториите на Рускиот центар на булевар „Теодосиј Гологанов“ број 28, трети кат на 4 и на 5 септември од 17 до 20 часот.

Кандидатите кои ќе аплицираат за повисок степен од кое било од трите рамништа потребно е да достават и копија или скенирана копија од сертификат за соодветно претходно ниво издаден од Рускиот центар при УКИМ или од други институции.

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите