Коњ врзан на тераса во руинирана куќа во центарот на Скопје, спасен и пренесен во Зоолошката градина

Од:

Коњ кој бил оставен врзан во руинирана зграда во центарот на Скопје бил спасен и пренесен во Зоолошката градина информираат од скопската Зоолошка градина.

Жителите од околните објекти го забележале коњот и пријавиле во МВР по што полицијата Агенцијата за храна и ветеринарство и вработени во ЗОО организирале мисија за спасување. Го извлекле коњот и го префрлиле на безбедно.

„Вчера на неколку портали беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а полицијата добила и неколку пријави од граѓани. Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега“ – објавија од ЗОО Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најстариот жив коњ во светот влезе во Гинисовата книга на рекорди

А1он

Герасимовски: Со ограничувањето на движењето на возилата во Дебар Маало го растеретуваме сообраќајот во населбата

Туберкулоза има, но нема простор за паника, уверуваат од скопската Зоолошка градина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: МВР го најде скопјанецот коњ влечеше кон врзан за автомобил, треба да одговара за „мачење животни“

Се роди женско бебе пони во ЗОО Скопје

Во ЗОО Скопје угинаа две лами