Кониковското евангелие презентирано во Букурешт

Од:

На Факултетот за странски јазици и литература на Универзитетот во Букурешт вчера беше презентирано Кониковското евангелие, на иницијатива на  Лекторатот по македонски јазик во Букурешт и Амбасадата на Република Македонија во Романија.

Монографијата за новооткриен текст од втората половина на 19 век, со исклучително значење за развојот на македонскиот стандарден јазик, ја  промовираа професорите од македонскиот тим што работеше на изданието – Људмил Спасов и Максим Каранфиловски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и  Марија Чичева-Алексиќ од Институтот за старословенска литература.

Во заклучоците од презентацијата е наведено дека монографијата „The Konikovo Gospel/ Кониковско евангелие“ е содржајно издание од капитална важност за македонската јазична и културна историја. Го проучува македонскиот јазик надвор од границите на Република Македонија, а сведочи и за соживотот на населението што живее во регионот со кои се поврзува оригиналниот ракопис.

– Двојазично евангелие (на македонски и на грчки јазик), најрано современо македонско евангелие (на народен јазик). Јазикот во македонскиот дел од ракописот не соодветствува со говорот во ниту едно конкретно место во Егејска Македонија, туку претставува еден вид стилизација, како чекор кон стандардизација на еден македонски јазик врз поширока основа, вклучувајќи јазични елементи и од централните говори на западномакедонското наречје, информира Лекторатот за заклучоците од презентацијата.

Изданието содржи седум глави. Автори на воведот и описот на ракописот  се Јоуко Линдстед од Хелсинки и Људмил Спасов од Скопје.

Лекторатот по македонски јазик во Букурешт  соопшти дека гостите на настанот, професори и студенти од Букурешкиот универзитет и членови на Романската асоцијација на слависти, ги поздравил амбасадорот на Македонија во Романија Панде Лазаревски. На настанот му претходела средба на амбасадорот и ректорот на универзитетот во Букурешт, Мирчеа Думитру, на која разговарале за склучување договор за соработка меѓу универзитетите во Скопје и Букурешт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар