Конгресот во СДСМ е фарса, се знае дека пиунот на Заев, Ковачевски е човекот на олигархијата кој ќе го наследи

Од:

Конгресот во СДСМ е фарса се знае дека пиунот на Заев, Ковачевски, е човекот на олигархијата која ќе го наследи Заев.Димитар Ковачевски е син на Слободан Ковачевски, градоначалник на Куманово во времето на транзицијата порачуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Таткото на Ковачевски бил и амбасадор на Македонија во Црна Гора исто така поставен од СДСМ. Ковачевски е човек на олигархијата, на едно мрачно време кое остави стотици илјади на улица и без пари. Ковачевски не е нов лик, тој е стар производ спакуван во ново пакување. Ковачевски ги повторува истите тези кои Заев ги кажуваше кога доаѓаше, а потоа видовме криминал од невидени размери, системска корупција и рекет. И со Ковачевски ништо нема да се смени, тој ќе има за задача да го штити Заевизмот, и фирмите на Вице и Трајче, се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус