Конференција за услугите во социјалната дејност и јавното здравство

Од:

Конференцијата „Итни потреби и приоритети за унапредување на услугите во социјалната дејност и јавното здравство” ќе се одржи денеска во организација на Центарот за управување со промени.

На конференцијата ќе се обратат министерот за здравство Венко Филипче и извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска.

На конференцијата ќе бидат претставени резултатите од истражувањето на јавното мислење за социјалните и здравствени услуги, кое за потребите на проектот „Следење на административната правда”, финансиран од Британската амбасада, го спроведе агенцијата М-Проспект на репрезентативен примерок испитаници, во периодот од 9 до 23 Октомври 2017 година.

Во рамки на конференцијата ќе бидат презентирани и податоци за социјалните услуги за деца и лица со посебни потреби, за активните мерки за вработување, за висината на пензиите и евентуалната потреба од промена на актуелниот пензиски систем.

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува