Конференција за улогата на Глигоров во меѓународното етаблирање на Македонија

Од:

Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија имаше решавачко влијание во меѓународното етаблирање на државата во светот, пред се, со неговиот огромен углед во меѓународната заедница. Со својата личност и со својот личен придонес тој ги поврза двата столба на современата македонска државност – АСНОМ 1944 година и 8 Септември 1991 година. За изградбата на самостојна Македонија Глигоров даде личен печат со спроведување на референдумот за независност, донесување на новиот Устав, битката за демоктраска преобразба и внатрешна консолидација на земјата и незјината меѓунардона афирмација и беше најзаслужен што Македонија без испукан куршум стекна независнот.

Ова беше истакнато на денешенашта Научна конференција на тема: „Улогата на претседателот Киро Глигоров во меѓународното етаблирање на Република Македонија“ што организираше Дипломатскиот клуб – Скопје со поддршка на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) по повод 100-годишнината од раѓањето на првиот претседател на Република Македонија.

Во однос на членството во ОН под привремената рефернца, беше посочено дека времето покажа оти и покрај многуте неосновани критики тој не згрешил. Ако тоа не се направеше во 1993 година лесно можеше да се случи Македонија, како што беше нагласено, сеуште да чека на прием во Светската органзиација како што се најде на опашката на ЕУ и во НАТО иако ги исполнува условите за тоа.

Претседателот на Дипломатскиот клуб амбасадорот Данчо Марковски истакна дека промените во македонското општество што во моментов се случуваат ја налагаат потребата повеќе од кога било за враќање на принципите според кои се раководеше првиот претседател. Тие, додаде, ќе бидат повеќе од неопходни во нормализирањето на односите со соседите, свртување на земјата кон евроатлантските принципи и вредности на западната цивилизација, односно за враќање на угледот на нашата држава.

– Императив на овие заложби треба да бидат спроведување на целосни демократски промени во општеството, ослободување на институциите од партиските стеги и нивното враќање во рамките на државата како гарант за оневозможување на партиски волунтаризам и злоупотреба на власта, темелна подготовка за донесување нова стратегија за надворешната политика на државата со широка стручна расправа, замена на досегашните историски митови и легенди со прагматично поимање на надворешната политика и стварниот интерес на граѓаните за нивната безбедност и благосостојба, политички консензус помеѓу политичките партии особено за прашањата од највисок стратешки интерес, како и целосна професионализација на дипломатијата и создавање ефикасна дипломатска служба на мала држава кава што е Македонија, рече Марковски.

Тој со забелешка и за, како што наведе, пренебрегнатото одбележување на 100 години од раѓањето на Глигоров, иако беше на агендата за државно одбележување значајни настани и личност за 2017 година во Собранието. Според него, тоа е потврда на провинцијалниот дух на потценување на сопствените вредности особено за значајни личности од нашето постоење наспроти неговите вреднувања надвор од нашите граници.

Академик Таки Фити, претседателот на МАНУ, со чија соработка се одржува денешниот научен собир,во обраќањето меѓу другото го истакна влогот на Глигоров во етаблирањето на Македонија како рамноправна членка на меѓународната заедница.

– Кога Глигоров стана прв претседател на независна и суверена Македонија многумина му забележуваа без притоа да водат сметка за целокупниот економски, социјален и политички амбиент и за меѓународната констелација на услови во кои се одвиваше тешкиот процес на демисија на поранешна СФРЈ дека беше пројугословенски ориентиран, дека упорно настојуваше за опстојување на Југословенската Федерација дури и во скратена форма и дека премногу тактизираше околу покренувањето на иницијативата за осамостојување на РМ. Денес кога таквите собитија ги гледаме од временска дистанција од повеќе од 25 години без сомнение можеме многу пообјективно да ја оцениме и вреднуваме работата на претседателот Глигоров како шеф на државата и со голема доза на увереност да кажеме дека неговите постапки беа добро обмислени, мудри, реални, рационални и во манир на искусен политичар и вистински државник, рече Фити.

Душан Бојчев, кој говореше и од име на Ахил Тунтев, двајцата блиски соработници и советници на Глигоров, истакна дека ретроспективата на меѓунардоната активност на првиот претседател на независна Македонија претставува и приказ на процесот на меѓународното етаблирање на РМ од 1991 до 1999 година, кој говори за неговата умешност на врвен дипломат, политичар и државник, вклучувајќи го и приемнот во ОН под привремената референца.

– Како и сите во Македонија така и Глигоров сакаше и направи се за да се зачува уставното име. Но мора да се признание дека и самиот исправен пред овие дилеми во даните околкости претсдеталот Глигоров беше човекот што гледаше преку планината кој покажа спремност на својот грб да понесе историска одговрност за решението и при овие и вакви услови Македонија да ја искористи шансата да се приклучи кон светското семејство на државите, рече Бојчев.

Според него, за Глигоров грчкото оспорување на уставното име беше билатерален проблем и како разлика, а не спор за чие надмиување се потребни разговори и пријателски убедувања, а не преговори кои подразбираат компромис. За позициите на Македонија, рече имало разбирање во меѓународната заедница, но ситуацијата се сменила со владините политики од 2001 година и потоа со т.н антикоманија, која придонела сите сојузници на Грција од ЕУ и НАТО да покажат наклоност кон незјините изразени сомнежи за наводни иредентистички и експанзионистилчки намери на Македонија, со што се отежна остварувањето ан националните старетшки интереси на земјата.

Би можело да ве интересира

Дваесет и девет години од атентатот на претседателот Киро Глигоров

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Зечевиќ, положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров

А1он

Владина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров, еден од најистакнатите градители на современата македонска држава

А1он

Дванаесет години од смртта на претседателот Киро Глигоров

А1он

Дваесет и осум години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров

Катерина Ѓуровски

Маричиќ: Спомен собата на првиот македонски претседател Глигоров претставува значајно политичко наследство