Конференција за примена на ОФСЕТ програмите во Македонија

Од:

Министерството за одбрана денеска организира научно-стручна конференција на тема „Примена на ОФСЕТ програмите во Република Македонија“.

На отворањето ќе се обрати министерот за одбрана Фатмир Бесими, а најавено е присуство на претставници од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Собранието, стопанските комори, како и претставници од академската заедница.

Целта на конференцијата е да се разменат искуства и мислења за иницијативата за воведување на ОФСЕТ аранжманите при набавката на опрема и вооружување за безбедносните сили на Република Македонија. Со внесувањето на овие програми во македонската законска регулатива се очекува значително да се олесни набавката на опрема и оружје и да се намалат можностите за злоупотреба.

Од Министерството за одбрана најавуваат дека по завршувањето на конференцијата во соработка со МВР и Министерството за економија ќе предложат законски механизми за спроведување на ОФСЕТ програмите во Македонија.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски