Конференција за напредокот и предизвиците на високото правно образование

Од:

Конференција насловена „Достигнувања, напредок и предизвици за високото правно образование во Југоисточна Европа“ ќе се одржи денеска во Ректоратот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Станува збор за завршна конференција на проектот за поддршка на Мрежата на правни факултети од Југоисточна Европа (SEELS) финансиран од Владата на Сојузна Република Германија, имплементиран од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа-Правна реформа.

Конференцијата ќе ја отворат Ханс Хелге Сандер, заменик амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија, проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на УКИМ, Џејмс Макбет, директор на Германското друштво за интернационална соработка во Република Македонија и проф. д-р Хрвоје Сикириќ, декан на Правниот факултет во Загреб.

Мрежата на правни факултети од Југоисточна Европа е основана на 25 март 2011 година од тринаесет државни правни факултети при универзитети од Тирана, Сараево, Зеница, Мостар, Загреб, Сплит, Риека, Осиек, Белград, Крагуевац, Ниш, Скопје и Подгорица, со поддршка од Германската влада, имплементирано преку проект на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

Во рамките на проектот во периодот 2010-2014 година е обезбедена поддршка за зајакнување на меѓународната соработка, унапредување на капацитетите за истражување и публикување, мобилност на академскиот кадар и студентите, регионална размена на правно академско знаење и зајакнување на капацитетите на академските институции за зголемено искористување на фондовите на ЕУ.

Спроведени се бројни истражувачки проекти со учество на 19 меѓународни и 81 регионален експерт, организирани се бројни конференции, истражувачки форуми, летни школи и обуки со вкупно 641 учесници, потпишани се пет меморандуми за соработка со европски универзитети и истражувачки центри за чие остварување Владата на Сојузна Република Германија обезбеди поддршка во износ од 1,1 милион евра. 

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите