Конференција за методи за мониторинг на финансирањето политички партии

Од:

Државната комисија за спречување корупција, во рамките на ИПА твининг проектот „Подршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, денеска ќе организира конференција на тема „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“.

На конференцијата најавени се обраќања на министерот за правда Валдет Џафери, амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, главната ревизорка на Република Македонија Тања Таневска и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Игор Тантуровски.

Експерти од Полска и од Македонија ќе претстават различни аспекти во спречувањето можни коруптивни дејства во финансирањето на партиите и изборните кампањи.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда