Конференција за концептот „паметни градови“

Од:

Концептот на паметни градови, како алатка за подобрување на животот во урбаните средини, ќе се разгледува денеска на национална конференција, што ќе се одржи во Скопје, во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“.

Како што истакнуваат организаторите, овој концепт е и алатка за подобри можности за економски раст и развој на државата преку градење на одржливи урбани средини во чие создавање ќе учствуваат локалните власти, индустријата и граѓаните подеднакво.

Светската урбана популација е во постојан пораст и се очекува до 2050 година 70 отсто од светската популација да живее во урбани средини. Токму заради ова многу градови во светот веќе ја согледаа потребата од користење иновативни технологии и мултисекторски пристап кој со себе носи и барање за соработка на сите засегнати страни во насока на подобрување на условите за живот во урбаните средини.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство