Конференција „Важноста на Поглавјето 20 за процесот на приклучување кон ЕУ“

Од:

Финална конференција „Важноста на Поглавје 20 за процесот на приклучување кон ЕУ“, која е дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на поглавје 20“, финансиран од Европската Унија, ќе се одржи денеска во Скопје.

Финалната конференција има за цел да ги сумира резултатите од проектот, како и да придонесе за промоција на Платформата Поглавје 20. Дополнително, на конференцијата ќе биде промовиран и ресурсниот центар www.poglavje20eu.org, како и креираните едукативни видеа, прирачници и документи за политики кои ќе бидат достапни во печатена форма. На конференцијата со индивидуални презентации ќе настапат и граѓанските организации (регрантисти) – имплементаторите на осумте национални проекти кои беа финансирани преку грантовата шема на проектот, со цел промоција на заклучоците и препораките од спроведените анализи, соопшти Фондација за Претприемачки сервис за млади.

Проектот започна со реализација во мај 2017 година, а проектните активности се реализираа во времетраење од 24 месеци. Проектот придонесе да се постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20 на национално и локално ниво, да се подобри координацијата и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и останатите релевантни чинители како и да се подигне свеста за значењето на Поглавје 20 за целокупниот напредок на земјата кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ