Конференција: Поголема улога на општините за побезбеден сообраќај

Од:

Република Македонија како земја со кандидатски статус за полноправно членство во Европската унија, постојано го хармонизира своето со законодавството на Унијата, а во тие рамки и во областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Основната цел е да се применат  добрите искуства и практики на ЕУ, заради постигнување високи стандарди и минимизирање на сите видови ризици и закани во сообраќајот на патиштата.

Ова го истакна престедателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски на отворањето на дводневната меѓународна конференција за улогата на  локалната самоуправа и општините во унапредување на безбедноста на сообраќајот на локалните и регионалните патишта, како нејзин покровител. Организатори се PRI (La Preventive Routiere Internationale) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Вељаноски истакна дека како законодавен орган водат постојана грижа за унапредувањето на безбедноста на сообраќајот на патиштата, преку усвојување на стратешките документи и законодавството од оваа област. Потсети дека Собранието ја усвои Националната стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедност во  сообраќајот на патиштата 2009 – 2014, а во моментов во завршна фаза е изготвувањето на Втората национална стратегија, за период 2015 – 2020. Важно е да се потенцираат, како што рече, активностите за подигање на јавната свест за потребата на унапредување на безбедноста на сообраќајот, а особено на ранливите групи, како што се децата, младите учесници во сообраќајот, возрасните лица и лицата со посебни потреби.

– Во Република Македонија во последните години успешно се завршува процесот на децентрализација на власта. Една од важните области каде се одвива процесот на децентрализацијата е безбедноста на сообраќајот на улиците и локалните патишта, каде единиците на локалната самоуправа, односно општините и Град Скопје имаат значајни надлежности, потенцира Вељаноски.

Додаде дека општините имаат голема одговорност за севкупната безбедност на сообраќајот на патиштата, а особено со проектирање, изградба и одржување на улиците и локалните патишта, уредување на патната околина, хоризонталната и вертикална сигнализација, обезбедување доволен број безбедни паркинг места, изградба на велосипедски патеки…

Никола Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата посочи дека на конференцијата акцент ќе се стави и на ранливите групи на учесници во сообраќајот, особено на младите.

– Искуствата кои Советот ги стекна низ процесот на имплементација на Првата национална старетегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2009-2014 беа од голема полза за утврдување на целите кои ќе треба да се постават и остварат во Втората национална стратегија 2015-2020 година. На овој начин даваме силна порака дека Република Македонија во целост ја прифаќа одговорноста за имплементација на препораките од декларацијата на ООН за „Декадата за безбедност на сообраќајот на патиштата 2011-2020“, потенцира Ангеловски.

Тој додаде дека најголем број на несоодветно и ризично однесување во сообраќајот и непочитување на прописите се случува во населените места во урбаните и руралните средини, каде е најголема фреквенцијата на различни групи учесници во сообраќајот на патиштата.

Јуп Гус, претседател на Меѓународната организација за безбедност на сообраќајот на патиштата потенцира дека е потребна силна соработка меѓу државната и локалната власт, училиштата, родителите, градоначалниците… Освен безбедна инфраструктура, како што рече, потребно е добро образование во училиштата и добра обука во автошколите.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја