Конференција на министрите за одбрана на земјите од Јадранската повелба

Од:

Во Охрид денеска ќе се одржи Конференцијата на министрите за одбрана на земјите-членки на Јадранската повелба насловена „Здружено кон глобалниот мир и безбедност“.

На Конференцијата ќе учествуваат министрите за одбрана на земјите од Јадранската група или нивни претставници, земји набљудувачи и земји гости, претставници на САД и НАТО, експерти од НАТО, одбранбените аташеа, дипломати, НАТО Советодавниот тим во РМ, како и претставници на релевантни институции на Република Македонија.

Конференцијата претставува континуитет на процесот воспоставен меѓу земјите, со цел промоција на регионалниот дијалог, зајакнување на регионалната соработка, како и јакнењето на националните капацитети за евроатлантско интегрирање на Регионот.

На конференцијата ќе стане збор за билатералната и регионалната соработка, за достигнувањата на А5 земјите на полето на одбранбените реформи, а ќе биде поздравена и посветеноста на Алијансата за продолжување на политиката на „отворена врата“ реафирмирана на Самитот во Чикаго како и улогата на Албанија, Хрватска и Соединетите Американски Држави во поддршка на аспирациите за НАТО членство на земјите од регионот.

Подвлекувајќи го досегашниот придонес во ИСАФ, кој ги промовираше А5 земјите како извозници на мир и стабилност, овој министерски состанок уште еднаш ќе ја реафирмира подготвеноста за наше учество во мисијата во Авганистан по 2014 година, земајќи ги предвид целите и приоритетите на транзицијата во Авганистан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе ја плаќаме одбраната

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ