Конференција на Маршаловиот фонд – „Балкан 360: Економски развој и регионални односи во ЈИЕ“

Од:

Зајакнувањето на економската регионална соработка и регионалните односи во Југоисточна Европа беше тема на конференцијата „Балкан: 360“ во организација на германскиот Маршалов фонд.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во своето обраќање на конференцијата рече дека денес нашата земја во глобални рамки ја претставуваме како успешна приказна и оти Северна Македонија сега е нова реалност во Југоисточна Европа.

– Пред само 20 месеци бевме само една здодевна балканска приказна – непрепознаена, со отворени политички прашања, опкружена со соседи членки на НАТО и на ЕУ, со внатрешни предизвици, незатворен мировен договор од пред 18 години, и со закана за внатрешната безбедност, за владеење на правото, рече во обраќањето Османи.

Посочи дека сега само по 20 месеци родена е нова ѕвезда, креиран е нов наратив, воспоставена е нова култура на компромис. Како што рече вицепремиерот, сега сме единствена земја во регионот без единствено отворено прашање со своите пет соседи, со затворен легислативен дел од Охридскиот договор, го претставивме реформскиот план 3-6-9 и Планот 18, го зајакнавме владеењето на правото, демократските институции.

– Брисел нас уште минатата година јасно ни посочи – доколку вие испорачате, и ние ќе испорачаме. Во почетокот тоа беше само една реченица, но подоцна тоа беше движечката сила за сите нас да направиме тешки компромиси. Ние го дадовме нашиот дел, и сега очекуваме Европа, исто така, да го испорача тоа што го вети. На патот кон НАТО постигнувањата се огромни, 6 февруари ќе биде запаметен во историјата на земјата како ден што ќе го славиме со години кога беше потпишан Протоколот за пристапување во НАТО во Брисел, рече Османи.

Во однос на регионалната соработка, Османи рече дека е потребно западнобалканските лидери да покажат храброст и одлучност да ги решат отворените прашања, со цел регионот да може да оди напред. Во таа смисла изрази надеж дека Косово и Србија ќе се охрабрат и ќе најдат конечно решение, оти состојбата на статус кво, како што рече, не води никаде.

Вршителот на должност американски амбасадор во земјава, Mикаела Швајцер-Блум, рече дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, драматично ги променија односите меѓу Северна Македонија и Грција, трансформирајќи ги двата соседа во партнери.

– Преспанскиот договор беше постинат преку тензични преговори меѓу лидерите, кои се обврзаа дека ќе обезбедат посветла иднина за своите граѓани. Лидерите најдоа решение што ќе отвори нови можности за регионална соработка. Ова претставува ново ниво на оптимизам дека отворените прашања можат да се решат преку храбра и тешка работа, рече Швајцер-Блум.

Германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих рече дека Северна Македонија постигна историска димензија со Преспанскиот договор и оти по позитивниот резултат од имплементацијата на договорот, отворен е патот кон НАТО и ЕУ на земјава.

– Церемонијата на кревање на знамето на НАТО пред зградата на Владата на Северна Македонија беше момент на гордост за сите нас. Тоа треба да го инспирира целиот регион да се приближи заедно, и е потребна храброст за интензивен дијалог. Го цениме дијалогот и е потребно да се слушнат различни мислења, рече Герберих.

Според него, напорите на Северна Македонија треба да се забрзаат и да се испорачаат видливи резултати за сите граѓани, додавајќи дека реформите треба да доведат до полноправно членство во ЕУ и НАТО, да се создаде општество што ќе нуди еднакви можности за сите.

– Мора да се создаде солидна економска основа за да се имплементираат реформите. Ова налага поблиска економска соработка, создавање подобри економски услови за да граѓаните останат во земјата. Германија ќе ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот евроатлантски пат и полноправно членство во ЕУ и НАТО, подвлече Герберих.

Тој истакна дека како членка на НАТО и активен поддржувач на регионот, Германија во приоритетите на својата надворешна и безбедносна политика ќе го има Балканот.

„Балкан 360“ има за цел го да поддржи иновативното и кохезивното ангажирање на САД и Германија на Балканот, и да ја поддржи евроатлантската интеграција на регионот.

Над 30 учесници, вклучувајќи високи претставници од регионот, САД и Германија, како и експерти од Маршаловиот фонд и од Маршал центарот, ќе дебатираат во Скопје за предизцвиците и можностите за региобналната економска соработка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заев: Размислував за оставка, но не се откажувам од борбата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Одиме на брзи предвремени избори, граѓаните да одлучат по кој пат сакаат да одиме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Митото ни откри кои се замениците министри во Владата

Османи: За нас сонцето и натаму ќе изгрева на Запад

Ана Ололовска

Анѓушев: „Мал шенген“ не е алтернатива за нашето членство во ЕУ

Ана Ололовска

Владата одлучи за 10 отсто да ги зголеми платите на наставниците од април ако се согласи СОНК

Ана Ололовска