Конференција „Европа во мојот регион/град“

Од:

Во организација на Град Скопје денеска во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи конференција на тема „Европа во мојот регион/град”.

Конференцијата е во рамки на Отворените денови–Европска недела на градови и региони 2012, чија годинашна тема е „Градовите – Движечка сила за регионален развој”.

Според агендата на собирот, ќе се дебатира за „Европската територијална соработка во Југоисточна Европа“ и „Градовите – Движечка сила за регионален развој-Иновативност, енергетска ефикасност и урбан развој“.

Во рамките на Конференцијата, за првата тема, ќе зборуваат градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, градоначалникот на Софија Јорданка Фандакова, како и претставници од Делегацијата на Европската унија во Македонија, од Министерството за локална самоуправа и од Секторот за европски прашања при македонската Влада.

Би можело да ве интересира

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје