Коневски: Со освојување 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, Македонија нема да се редефинира

Од:

ВМРО-ДПМНЕ бара масовна поддршка од граѓаните на 11-ти декември. Со освојување 63 пратеници, најавите на аболицираниот Зоран Заев за менување на Уставот и воведување двојазичност на целата територија ќе останат уште една срамна страница во историјата на СДСМ. Со освојување 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, Република Македонија нема да се редефинира. Ова на денешната прес-конференција го соопшти Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Македонците кои не се согласуваат да се доселуваат и вработуваат Албанци во администрацијата во Струмица, Штип, Радовиш, Аеродром, Карпош, Центар и останатите општини и градови само заради обидот на аболицираниот Заев да освои некој глас повеќе, не се грдото лице на Македонија.

– Грдото лице на Македонија е токму аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тој е човекот кој предлагаше виткање на кичмата. Тој е човекот што на маса ги става највисоките национални интереси и заговара промени на Уставот на Република Македонија, рече Коневски.

Нагласи дека Заев ги навредува сопствените сограѓани само за да им се додвори на гласачите Албанци.

– Ваквото однесување на аболицираниот криминалец Зоран Заев е срам за државата и за сите оние кои го положија животот за независна Македонија во каква што ние денес живееме. Сега не е време за редефинирање на државата. Сега е време да му се каже збогум на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата деструктивна, лицемерна и антидржавна политика, истакна Коневски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност