Конечно, по смената на власта, ќе проработат јаслите во „Кочо Рацин“

Од:

Градинката „Кочо Рацин“ во Општина Центар доби одобрение од Министерството за финансии, преку  Министерството за труд и социјална политика, да вработи 9 лица, со што повторно ќе се отворат две групи јасли за згрижување на  најмладите.

Претходната власт немаше слух и разбирање, иако повеќе од дваесетина пати директорката и Општината  се обраќаа до  Министерството за труд и социјална политика, укажувајќи на итноста и сериозноста на состојбата.

Педесетина деца до двегодишна возраст чекаа  да бидат сместени во групите јасли, иако градинката располага со  празни занимални токму за оваа намена. Јаслите, како и целата градинка, се комплетно и модерно опремени, со подно греење, со кујна по европски стандарди, со посебен влез и лифт.

За родителите и за градоначалникот Жерновски беше несватливо зошто претходната владеачка гарнитура ја марање дополнителни две групи јасли за што дополнително ќе се бараат вработувања како замена на лицата кои се пензионирани и пред 2015. Со ова ќе се исполни капацитетот, а родителите нема да мора да се грижат за обезбедување место во јаслите.

Претходната власт вршеше постојани опструкции во работењето на општината. Со проментата на власта се очекува откочување и на друго процеси и проекти кои беа блокирани од политички причини.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец