Конечно назначен капетан на Охридската капетанија

Од:

Неверување помеѓу членството на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, откако беше соопштена информацијата дека Горан Устијаноски е новиот капетан на Охридската капетанија.

Устијаноски иако е стручен во оваа област со завршено соодветно образование во областа на водениот сообраќај и како таков е помеѓу ретките во Македонија сепак е непартиска личност.

Партиското членство во Охрид беше во исчекување за капетан да биде назначен Љубен Буџакоски-актуелен советник во Советот на општина Охрид, за кога изминативе три месеци најгласно се зборуваше и речиси беше сигурно дека ќе седне на оваа функција.

Уште повеќе велат извори за А1 од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид што Буџакоски бил прифатлив за дел од членството но и за „партиските струи“ во Охрид. Во игра за капетан беше и кандидат од Струга член на владеачката партија кој исто така имал соодветна подршка.

Токму тоа била причината за тактизирањето околу изборот на капетан, дали ова место да го добие човек од Охрид или Струга.На крај изборот е непартиска личност. Инаку Капетанија на пристаништа три месесеци беше без капетан, откако поранешниот капетан Љупчо Настовски беше првата жртва на „новиот бран“ на ВМРО ДПМНЕ. Новиот Устијановски е и актуелен претседател на Здружението на бродари од Охрид.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство