Конечно државата ќе и помогне на Тамара

Од:

Сите трошоци за изведување на седмиот по ред оперативен зафат во странство врз деветгодишната Тамара Димовска од Велес која има проблем со искривување на рбетот, ќе бидат целосно покриени од страна на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Центарот за интервентна кардиологија во рамки на Клиничката болница во Тетово.

– Досега биле изведени шест оперативни зафати, но било утврдено дека е потребен и седми поради што тој ќе биде изведен во странство, а сите трошоци ќе бидат целосно покриени од страна на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, додаде Тодоров.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем