Кондарко: Јавно ќе се проверуваат нерегуларностите за изборите

Од:

Претседателот на ДИК Борис Кондарко, вечерва ги презентираше генералните впечатоци за првиот круг од локалните избори и посочи дека за ДИК е посебно позитивен високиот одзив на граѓаните, а за одбележување е и тоа што денот помина без насилство и физички инциденти на гласачките места и во текот на целиот изборен ден.

– Сепак, беа присутни и огромен број на сериозни нарушувања на избирачкиот процес во и вон изборните процеси кои се заведени во записниците на многу избирачки места. Се надевам дека ДИК ќе ги провери и ќе ги истражи овие информации, за што во наредниот период ќе одлучува јавно и транспарентно, а сето тоа по добивањето на записниците од избирачките места – рече Кондарко.

ДИК ќе се произнесе и во врска со податоците од МВР во врска со лицата кои живеат на исти адреси а се наоѓаат во избирачкиот список.

Тој напомена дека континуирано ДИК ги објавува резултатите како што пристигнуваат. Генералните статистички податоци говорат дека за изборите за градоначалници во општините се произнеле 473.859 гласови кои се обработени досега.

За градоначалник на Скопје од вкупно 444.259 регистрирани гласови, досега се обработени само 15.67 проценти.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?