Концерт на Воениот оркестар на АРМ во Крива Паланка

Од:

Воениот оркестар на АРМ денеска ќе се одржи промотивен концерт во Домот на културата во Крива Паланка. Пред концертот, припадниците на баталјонот за почести, на платото пред Домот на културата ќе ја изведат точката ,,Егзирцир“ со која ќе демонстрираат висока строева извежбаност во работа со пушка.

Воениот оркестар прв пат ќе настапи пред граѓаните на Крива Паланка, а ќе се претстави со филмска музика, обработена за оркестарска изведба во траење од околу еден час.

Со промотивниот концерт на Воениот оркестар во Крива Паланка, АРМ продолжува со реализацијата на проектот за соработка со локалната самоуправа во Република Македонија, чија основна цел е низ дружење, армијата да се доближи до граѓаните, како и проширување на цивилно-воената соработка во градовите каде нема гарнизони.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он