Концерт на Благој Нацоски во чест на 21 годишнината од независноста на Република Македонија

Од:

Насловен како „Орелски кријла как да си метнех…“ македонскиот тенор концертот ќе го одржи во катедралата Санти Апостоли во Рим на 18 ноември во 19 часот. По тој повод ќе бидат изведени дела од македонските композитори Живко Фирфов, Трајко Прокопиев, Благој Цанев, Сотир Голабовски, Александар Џамбазов, Томислав Зогравски, Дарија Андоновска и Димитрије Бужаровски. Нацоски на пијано ќе биде придружуван од маестро Алесандро Д`Агостини од Италија.

„Ова за мене претставува трет концерт во кој изведувам дела од македонски композитори. Првиот пат се работеше за еден хорски ансамбл од Рим кој настапи на еден концерт заедно со мене во Ватикан, и кој по моја желба изведе хорски композиции од Трајко Прокопиев и Тодор Скаловски. Но особено ме радуваше фактот што истиот тој Хор, македонските композиции продолжи да ги изведува и понатаму на други нивни настапи, секогаш потенцирајќи го фактот дека се работи за македонско творештво. Се разбира, Македонија како мала земја, која нема музичко творештво долго петстотини години не е лесно да се пробие на тој план во светот. Затоа мислам дека ние уметниците кои настапуваме на светските сцени можеме да помогнеме македонските композитори да завземат место во светската музичка литература. Она што јас се трудам е и моите странски колеги да почнат да изведуваат наши дела. Што се однесува до овој концерт во Рим, кој ќе биде посветен исклучиво на наши композитори, делата кои ги избрав, освен од музичка гледна точка претставуваат и врвни дела од најпознатите македонски поети Кочо Рацин, Контсантин Миладинов, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов и други. Текстовите на делата се погрижив во програмата да бидат преведни на италијански јазик.

Концертот во Рим е организиран со финансиска поддршка од македонското министерство за култура, и е еден од проектите кои се од национален интерес за културата на РМ во 2012 година.

Амбасадорот за култура на Република Македонија во Италија, веднаш потоа го очекуваат уште два концерта во Бари на 22 и 23 ноември. Се работи за Реквием од Моцарт кој ќе биде изведен на фестивалот „Апулиа Мјузик Интернешнл Фестивал“, под диригентската палка на Вито Клементе со Оркестарот и Хорот „Томазо Траета“.

Инаку na 12 ноември излезе во продажба ЦД-то за операта „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно, која македонскиот тенор за прв пат ја изведе оваа година во февруари, заедно со славниот Андреа Бочели. Ова е прво ЦД на Нацоски за дискографската куќа „ДЕКА“, а вкупно петто дискографско издание во неговата кариера.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот