Комунална ги исчисти верските храмови во Скопје

Од:

Во периодот исполнет со значајни верски празници и настани, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведе бројни активности за одржување на хигиената на верските храмови на територијата на градот Скопје.

Пред почетокот на Рамазанскиот пост, екипите на Претпријатието извршија рачно миење со автоцистерни на дваесетина поголеми исламски верски објекти, меѓу кои и џамиите на Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата чаршија, Јахја паша во Чаир, како и џамијата на Хусеин Шах во Сарај.

За велигденските празници, рачно миење беше извршено и на поголемите православни храмови, како соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил и др.

Во пресрет на посетата на папата Франциско, како и по неговото заминување, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ со засилени активности ја одржуваа хигиената и на католичката катедрала во Скопје.

Би можело да ве интересира

Два милиони евра за косење трева на автопат со двајца работници – Кого директорот од ДУИ усреќи со тендерот за одржување

A1on

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска

Акција за чисто Маврово и Мавровско езеро

Ана Ололовска

Национална еко акција „Генералка викенд“ за позелена татковина

Ана Ололовска

„Фронт 21/42“: Формално демократски и „согласно законите“ се носат урбанистички планови за Охрид

Ана Ололовска

Интерактивната еко-мапа со цел полесно лоцирање и решавање на еко-проблеми

Ана Ололовска