Комплетно реконструирана улицата „Капиштец“

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска ја презентираше реконструираната улица „Капиштец“.

Поставен е нов асфалт и коловоз во површина од 2.600 метри квадратни, нови рабници во должина од 280 метри, реконструиран е тротоарот со површина од 520 метри квадратни и во соработка со ЕВН, каблите од кабловските оператори се спуштени под земја.

– Прв пат на оваа улица поставивме атмосферска канализација во вкупна должина од 260 метри. Во неа ќе се сливаат надворешните и атмосферски води, со што ќе се реши горливиот проблем на жителите на овој дел од Центар. Воедно, поставени се и нови 14 ревизиони шахти, за сливање на поголеми количества на отпадни води, рече градоначалникот Богдановиќ, посочувајќи дека во неговата предизборна програма им ветил на граѓаните оти ќе се залага за решавање на инфраструктурните проблеми со кои се соочуваат на дневна основа.

По завршување на зафатот на улицата „Капиштец“, општината продолжува со акцијата за реконструкција на улиците и тоа со „Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“ и улицата „Караорман“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар