А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Комората на извршители со дополнителни мерки за превенција од ширење на коронавирусот

by А1он17/03/2020 - 12:14499
Share0

Комората на извршители на Република Северна Македонија (КИРСМ) , согласно дополнителните препораки и мерки од Владата на РСМ, донесе дополнителни препораки и мерки со цел превенција од ширење на Ковид -19.

Добивај вести на вибер

– На влезот на секоја извршителска канцеларија да се постават средства за дезинфекција и секој вработен да врши дезинфекција, да не се врши прием на странки додека траат мерките за превенција донесени од Влада на РСМ, за дополнителни информации сите странки да се обраќаат во канцелариите на извршителите по телефон или по електронска пошта. Повеќе информации за граѓаните се достапни на следниов линк http://kirm.mk/?cat=8, се наведува во соопштението од Комората на извршители.

Секој извршител, како што посочуваат од Комората, доколку е во можност во соработка со доверителите да го одолжат спроведувањето на попис, процена и пленидба на предметите, како и извршување на недвижности и одлагање на одржување на продажби во канцелариите.

– Секој извршител доколку е во можност во соработка со доверителите да донесат Заклучок за запирање со извршување за извршување врз побарување по сметка кај банка на физичко лице со цел да им се овоможи на граѓаните на РСМ набавка на основни средства за живот како и во периодот додека се на сила мерките од Владата на РСМ да не издаваат Налози за извршување врз побарување по сметка кај банка на физичко лице доколку извршувањето можат да го спроведуваат со друго средство за извршување, се посочува во соопштението.

Од Комората на извршители препорачуваат да се ослободат од работа бремените жени и лица со хронично респиратони заболувања.

Канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ додека траат мерките за превенција од Ковид- 19 донесени од страна на Влада на РСМ да работат со скратено работно време

Комората на извршители им препорачува на извршителите и вработените во нивните канцеларии, како и на Комората на извршители на РСМ доследно да ги почитуваат мерките донесени од Влада на РСМ донесени на 20 – та седница со кое се препорачува на Нотарската комора, Адвокатската комора како и на Комората на извршители да ги спроведуваат сите мерки, заклучоци и препораки донесени од страна на Влада на РСМ, како и да се придржуваат до препораките на претседателот на КИРСМ Зоран Димов, донесени во консултација со членовите на Управен одбор на КИРСМ.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен