Комитетот за надворешни работи на ЕП денеска гласа за Резолуцијата за Македонија

Од:

Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент попладнево на својата редовна седница во европскиот законодавен дом во Брисел ќе гласа за Резолуцијата за Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Известувачот за нашата земја од ЕП, Ричард Ховит се очекува да ги претстави споените амадмани од вкупно 203-те поднесени на последната седница на АФЕТ и Европарламентот да го даде своето мислење во однос на последниот извештај на Европската комисија за Македонија од октомври минатата година.

Со оглед на тоа што октомвриската оценка на ЕК беше позитивна за македонскиот напредок во политичката демократија и евроинтеграции, вклучувајќи и препораката за почеток на пристапните преговори со Европската унија, денеска се очекува во ЕП да биде потврдено сето ова и од европарламентарците. Иако во денешната Резолуција на АФЕТ се очекува да биде нотирана политичката криза што изминатите месеци ја создаваше опозициската СДСМ, етничките тензии и штотуку завршените локални избори, според најавата на известувачот Ховит за МИА од пред десетина денови, оваа Резолуција во целост се очекува да биде позитивна за Република Македонија.

– ЕП ќе се справи со овој извештај во позитивна и конструктивна рамка и јас сум сигурен дека така ќе биде – вели Ховит, кој додаде и дека придавката „македонски“ ќе биде употребена еднаш, а пред неколку дена на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ посочи и дека Европскиот парламент во Резолуцијата за нашата земја ќе побара и итен почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Откако Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе ја усвои Резолуцијата на Македонија, се очекува таа месецов да биде одобрена и на пленарна седница на Европарламентот по што ќе биде комплетирано ова во правна смисла мислење на европскиот законодавен дом за европската перспектива на земјава.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Сите ќе влеземе во ЕУ, но тоа нема да биде наскоро

Американските ракети ќе се произведуваат во Европската Унија

Песков: Русија не претставува закана за Европа и нема да започне светска војна

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина