Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека експремиерот Никола Груевски бил дискриминиран од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска, во процесот „Тенк“ за набавката на мерцедесот, каде Груевски беше осуден на две години затворска казна.
Груевски ја поднел преставката до Комисијата и се пожалил за дикриминаторски однос од страна судот.
„Се утврдува директна дискриминација врз Никола Груевски од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосуство и управа со член 4 од законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање односно нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје. Се утврдува директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во неповолна положба со необезбедување на потребните критериуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје“, истакнува Комисијата.
Инаку, претседател на комисијата е Александар Даштевски, од ВМРО–ДПМНЕ. Комисијата во септември донесе идентична одлука за поранешната министерка Јанкуловска, по што од страна на Кривичниот суд беше доставена иницијатива за разрешување на Даштевски.