Комисија за заразни болести: Зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во однос од минатата недела за 65.8%

Од:

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65.8%. Воедно, констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи, информира Министерството за здравство.

dobivaj vesti na viber

– Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот, потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз. Дополнително, препорачуваме граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце, апелираат од МЗ.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки.

Би можело да ве интересира

Четворица починати и 619 новозаразени од ковид-19

Горан Наумовски

Десет починати, 600 нови случаи на Ковид-19

Ана Ололовска

Двајца починати и 693 новозаразени од Ковид-19

Горан Наумовски

Центар за граѓански комуникации: Високи ризици од корупција и судир на интереси во набавките за Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска

679 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Ана Ололовска

Десет починати, 1.233 нови случаи на Ковид-19

Ана Ололовска