Нов полициски час од четврток до понеделник за Скопје, Штип, Куманово, Тетово

Од:

Комисијата за заразни болести до Владата достави предлог мерки за карантин за претстојниот продолжен викенд. Комисијата смета дека на 4 јуни, полицискиот час да почне од четврток во 21.00 часот до понеделник (8 јуни) до 05.00 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

– Во сите останати градови, полицискиот час да трае – од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до петок (5 јуни) до 05.00 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16.00 часот и да трае до следниот ден до 05.00 часот наутро.

Дополнително на состанокот, на претставниците на МВР им биле укажани потешкотиите со кои се соочуваат екипите на терен во однос на пристап до луѓе за тестирање и прекршувања на мерката за самоизолација.

Од службите на МВР била побарана поголема ажурност, ефективно делување на терен, контрола и санкционирање на прекршувањата на мерките, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски