Комисијата за утврдување на настаните од 24 декември почна да работи

Од:

Членовите на Ад-хок комисијата за расчистување на случувањата пред и во Собранието на 24 декември минатата година денеска ја утврдија динамиката на работа, согласно која, во наредните 20-тина дена ќе има секојдневни состаноци на кои ќе се прегледуваат документи и изјави од Собранието, од пратеничките групи и од пратеници кои за неколку дена ќе треба да ги достават до Комисијата.

– За тоа има консензус и меѓусебно разбирање, претседателот на Комисијата Борче Давитковски, кој како што било договорено на денешната прва седница ќе ги дава изјавите за јавноста за нејзината работа.

Тој истакна дека се разгледувала и драфт верзијата на Деловникот за работа, а оти наскоро се очекува да се договори дали одлуките ќе се носат со консензус или со мнозинство гласови.

– Дојдовме до средина, до 15-от член бидејќи можеби ќе има мониторинг. Ќе дојдат од ЕУ, а можеби ќе дојдат и набљудувачи. И тоа треба да го предвидиме, кои права ќе имаат луѓето, рече Давитковски.

Тој е задоволен од начинот на меѓусебната комуникација. Атмосферата, како што рече, ветува дека нема да има посериозни проблеми со цел ефикасно завршување на обврската.

– Ќе напишеме писмо, да ни се обезбеди соодветна логистика. Да има записник на еден компјутер и фотокопир, истакна Давитковски.

Формирањето на Комисијата е обврска од мартовскиот договор постигнат меѓу власта и опозицијата, во присуство на европската тројка.

Според динамиката на работата на Комисијата, Давитковски очекува да се запази рокот од два месеца за подготвување на Извештајот за настаните од 24 декември минатата година.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски