Комисијата за мандатно-имунитетни прашања утре ќе расправа за имунитетот на 7 пратеници

Од:

Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања утре ќе расправа за имунитетот на седум пратеници, објави Макфакс.

Претседател на оваа комисија во овој состав на парламентот е пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, негов заменик е партискиот колега, Петар Атанасов, а членови Мирослав Јовановиќ, Александар Кирацовски, Сашко Костов, Агим Шаќири, Трајко Вељаноски, Крсто Мукоски и Борис Змејковски.

Заменици членови се Горан Мисовски, Хари Локвенец, Сашко Атанасов, Мирсада Емини – Асани, Владимир Ѓорчев, Невенка Стаменковска, Никола Попоски и Зоран Ѓорѓиевски.

Членови на комисијата се и Крсто Муковски кој утрово беше спроведен на распит во судот, како и Јохан Тарчуловски кој засега е недостапен за органите на прогонот.

Според процедурата, барањето треба да стигне до претседателот на Собранието, а тој да го препрати до претседателот на комисијата.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски