Комисијата за заразни болести информира дека на денешната средба била разгледана актуелната епидемиолошка состојба и се дискутирало во насока на интензивирање на кампањата за вакцинација против Ковид-19, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините.
„Иако е мирна ситуацијата луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход.
Комисијата за заразни болести, во согласност со епидемиолошкиот ризик, како и ситуацијата со европските земји ќе продолжи внимателно да ја следи актуелната состојба и доколку постои можност ќе предлага постепено релаксирање на мерките“, соопштува Комисијата за заразни болести.