• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Комисија во Прилеп ќе врши проценка на штетите од невремето

by А1он11/07/2018 - 16:36163
Share0

Општинската комисија за проценка на штетите од елементарните неподоги во Прилеп објави повик до земјоделците и сите граѓани да достават барања за штети што ги претрпеа од невремето во понеделникот, проследено со силен ветер и град, што го зафати атарот на селата Големо Коњари и Мало Коњари.

Добивај вести на вибер

Како што информира претседателот на општинската комисија, Жарко Северкоски граѓаните може да ги доставуваат своите барања до Општина Прилеп или до претседателите на месните заедници на двете населени места од денеска па се до среда, 18 јули.

По евиденцијата на барањата, претставници на комисијата ќе излезат на терен заедно со стручни лица – агрономи од подрачното Министерство за земјоделство и ќе ја утврдат причинетата штета по парцели.

– Комисијата ќе излезе на терен по доставување на барањата од производителите, односно од лицата чии што насади претрпеле штети. Ќе се изврши проценка и ќе се утврдат штетите. Евиденцијата со проценката на штетите ќе биде доставена до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по што Владата ќе врши исплата на отштетата согласно со законските регулативи, вели Северкоски.

prilep

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Горан Наумовски22/10/2025 - 20:29

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 12:39

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

Горан Наумовски18/10/2025 - 08:54

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски15/10/2025 - 09:2215/10/2025 - 09:22

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Катерина Ѓуровски19/09/2025 - 15:07

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

Горан Наумовски06/08/2025 - 15:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен